eng | mk
40 годишнината од Денот на Планетата Земја прославен во Скопје

На 25 април 2010 година, Македонија се приклучи на глобалната прослава на меѓународниот Ден на Планетата Земја. Настанот се одржа под мотото "Собери ПЕТ за подобар свет", настан кој привлече околу 10.000 граѓани во Градскиот парк.

За прв пат беше организиран ваков настан од страна на Асоцијацијата на рециклатори (ПЕТРА) и Проектот Зелени училишта, во поддршка на МДЦ-Ти.Нет. Оваа година ПЕТРА одлучи да ја продолжи традицијата воспоставена од страна на УСАИД, Проектот за рециклирање пластика во партнерство со градот Скопје и Министерството за животна средина.
На 40-годишнината, градоначалникот на Скопје, г-дин Коце Трајановски, министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Неџат Јакупи; донатори и студенти говореа за достигнувањата, предизвиците и идните активности за имплементирање на поголема заштита на животната средина.

Настанот започна со акција на чистење на најчестите локации во Градскиот парк предводена од страна на студентите од 30 основни училишта кои доаѓаат од различни делови на Македонија и неколку средни училишта. Огромен број на активности беа распоредени од Фонтаната до Школката во парк. На ЈКП "Комунална Хигиена", организираше мини - олимписки игри, во кои земаа учество учениците од 10те основни училишта од Скопје; учениците од средните училишта цртаа пораки за животната средина, додека пак 20 Зелени училишта ги претставија своите активности низ паркот. За време на програмата, тие имаа задача да создадат еко - пораки од материјали кои се рециклираат.

Партнери на настанот беа еколошки невладини и корпоративни спонзори кои имаа можност да ги презентираат своите активности, како и истакнати пејачи: Биба Додева, Аделина Тахири, Браво Бенд, Наде Талевска и други пријатели на животната средина.

Градоначалникот на Скопје, г-дин Коце Трајановски им додели на сите 20 Зелени училишта сертификати на благодарност за нивниот придонес кон заштитата на животната средина.
Настанот беше збогатен со учество на корисниците на НВО "Порака" и "Хума Зрак", чија мисија е поддршка на лица со посебни потреби. На невладината организација "Хума Зрак" организираше хуманитарна акција насловена како "Срце за Јане". Тие имале акција за прибирање финансиски средства за 20 месечно бебе, Јане, кое ќе треба да се лекува во странство. Корисниците на НВО, создадоа мали срца од рециклирана пластика и ги дистрибуираа за време на настанот.

Денот на планетата Земја беше поддржан од страна на неколку корпоративни спонзори кои го демонстрираа нивното работење на еколошки теми: Евро Линк осигурување, ИНК, Скопје, Скопје Бриару и Горска.
-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)