eng | mk

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Кои сме ние?
МДЦ-Ти.Нет нуди професионална експертиза во локалното управување со отпад и сродни политики, помага при развој на бизниси и стратешки развој, развивање на јавно - приватни партнерства, градење на соработка, медиуми и комуникации и еколошка едукација.

Новости и Настани
 
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
26 јуни 2014
На 26 јуни 2014 година(четврток), во 11 часот, Амбасадорот на Република Словачка Г-дин Мартин Безак на невладината организација МДЦ-Ти.Нет им додели минигрант во висина од 5000 евра за “Организирање на обуки за здавје и заштита при работа на неформалните собирачи на отпад во шест општини во Република Македонија”...
>>>
------------------------------------
Нови партнерства за социо-економска инклузија на неформалните собирачи на отпад
27 Мај 2014
Во периодот од 27.05.2014 до 28.05.2014 година во Струмица во Хотел Илинден во рамките на проектот ”Нови партнерства за социо-економска инклузија на неформалните собирачи на отпад” спроведуван од МДЦ—Ти Нет се одржа дводневна рабаотилница на тема “Препораки за креирање на полотики за вклучување на неформалните собирачи на локално ниво”...
>>>
------------------------------------
Усвојување на Локалниот акциски план за вклучување на НСО во Струмица
17 април 2014
На 17 април 2014 година Советот на Општина Струмица го усвои Локалниот акциски план за вклучување на нефромалните собирачи на отпад. Овој акциски план беше подготвен во рамки на проектот „Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем на управување со отпад“ поддржан од Европската Унија, програма ЕИДХР. Акцискиот план беше развиен од страна на работната група која се состоеше од различни засегнати страни во општина Струмица. Одлуката за усвојување на акицискиот план можете да ја најдете на следниот линк: http://strumica.gov.mk/downloads/ler/2014SluzbenGlasnik08.pdf
>>>
------------------------------------
Проект: Нови партнерства за социо-економска инклузија на неформалните собирачи на отпад
Декември 2013-Мај 2015
Овој проект ќе придонесе да се одговори на потребите на неформалните собирачи на различни видови на отпад во Македонија, кои живеат на маргините на општеството. Речиси сите од нив се Роми. За нив, неформалното рециклирање на отпадот е единствен начин да се заработи нешто. Се проценува дека околу 5000 лица се вклучени во неформалното рециклирање на отпадот исклучително од економски причини. Многу сиромашни луѓе, кои се соочуваат со изборот помеѓу гладување или неформалното собирање отпад, го избираат второто. 100% од целната група на овој предлог проект се неписмени; 95% живеат во урбаните области, во гета, на земја со недефинирана сопственост, во субстандардни услови, немаат пристап до основната инфраструктура како и и пристап до социјална и здравствена заѓтита... >>>
------------------------------------
Име на проект: “Од отпад до кеш”
Од отпад до кеш: Оддржлив развој и економско зајакнување на неформалните собирачи на отпад преку рециклирање на отпадот во прекуграничниот регион на Албанија и Македонија ... >>>
------------------------------------
Завршна конференција во рамки на проектот “Вклучување на Ромите неформални собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”
07.02.2013, Скопје
На 7-ми февруари 2014 година во ЕУ Инфо Центарот се одржа Завршна конференција во рамки на проектот за “Вклучување на Ромите неформални собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”, финансиран од Европска Унија преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права (ЕИДХР), во имплементација на МДЦ-Ти.НЕТ – Скопје >>>
------------------------------------
Презентација на Документарен филм под наслов “Пластични соништа – животот на неформалните собирачи”
06.12.2013, Струмица
На 6-ти Декември 2013 година во Хотел “Сириус”, Струмица се одржа презентација на документарниот филм под наслов “Пластични соништа – животот на неформалните собирачи” во рамки на пректот “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”, финансиран од Европската Унија ... >>>
------------------------------------
Подготовка на Акциони Планови 2
21-22.11.2013, Струмица
Дводневна работилница на тема “Подготовка на Акциони Планови 2” на 21-ви и 22-ри Ноември 2013 година се одржа во Хотел “Сириус”, Струмица. Оваа работилница беше одржана во рамките на проектот “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”. ... >>>
------------------------------------
Подготовка на Акциони Планови 1
03-04.10.2013, Скопје
На 3-ти и 4-ти Октомври 2013 година во Хотел “ВИП”, Скопје се одржа дводневна работилница на тема “Подготовка на Акциони Планови 1”. Оваа работилница беше одржана во рамките на проектот “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”. ... >>>
------------------------------------
Презентација на Прелиминарни Резултати на Ситуациона Ананализа
30.05.2013, Скопје
На 30-ти Мај 2013 година во ЕУ Инфо Центарот се одржа “Прзентација на Премилинарни Резултати на Ситуациона Анализа” во рамките на проектот за “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”, финансиран од Европска Унија преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права (ЕИДХР), во имплементација на МДЦ-Ти.НЕТ – Скопје... >>>
------------------------------------
Работилница: “Препораки за креирање на политики за вклучување на неформалните собирачи на отпад на локално ниво”
17-19.07.2013 година, Струга
Од 17ти до 19ти Јули 2013 година беше одржана работилница во Струга, на тема “Препораки закреирaње на политики за вклучување на неформалните собирачи на отпад на локално ниво”,како дел од проектот“Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад”, финансиран од Европската Унија, од Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права, а во имплементација од страна на МДЦ-Ти.Нет, Скопје, со партнер организациите Авена-Кочани,Планетум-Струмица и Фондација за развој на мали и средни претпријатија-Скопје. >>>
------------------------------------
Работилница: Подготовка на Ситуациона Анализа - Струмица
14.04.2013 година
На 14.04.2013година во Хотел Илинден - Струмица, се одржа првата работилница за “Подготовка на Ситуациона Анализа”.Работилницата имаше за цел запознавање на членовите на работната група, дефинирање на активности поврзани со истражување и посета на терен, со прибирање и анализа на информации за создавање база на податоци за неформалните собирачи. >>>
------------------------------------
Работилница: Подготовка на Ситуациона Анализа - Кочани
12.04.2013 година, Кочани
На 12.04.2013 година во хотел “Национал” - Кочани, се одржа првата работилница на тема: “Подготовка на Ситуациона Анализа”. На оваа работилница учествуваа Работната Група од Кочани која е составена од претставници од: Невладината Организација Авена-Кочани, претставници од неформалните собирачи, Агенцијата за Вработување, Регионална канцеларија на Министерството за труд и социјална политика, Јавно комунално претпријатие и претставници од организации за управување со отпад во Кочани. >>>
------------------------------------
Работилница: “Подготовка на Ситуациона Анализа”-Скопје
11.04.2013 година, Скопје
На 11.04.2013 година во Хотел “Белви”-Скопје, се одржа првата работилница на тема “Подготовка на Ситуациона Анализа”. Оваа работилница се одржа како дел од проектот за “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад”. >>>
------------------------------------

Име на проект: “Трибина за Зелено Скопје”

Резиме:Едукација на младите средношколци за процесот на селектирање на отпад и подготовка на истиот за рециклажа. Системот се состои од подигнување на свеста кај младите, а со тоа и подигнување на свеста кај локалното население за штетноста од загадувањето на животната средина преку спалување на отпадната амбалажа во депонии. Проектот зема учество во главниот град на Република Македонија, Скопје, и се состои од две сесии каде што за цел е поставена едукацијата на средните училишта за штетноста од отпадната амбалажа која се користи во масовните пакувања на производите денес се со цел да се посочи вниманието кон зачувување на здравјето на младите преку заштитата на животната средина во градот во кој живеат.

Сесија 1: Запознавање со проблемот на класните часови во Средните училишта

Сесија 2: Јавна трибина за Зелено Скопје

Период на имплементација: Септември 2012 – Ноември 2012

Донатор: Град Скопје, Сектор за образование

------------------------------------

Име на проект: “Креирање и поставување на интегрален систем во основните училишта за решавање на проблемот со отпадната ПЕТ амбалажа за спречување на испуштањето на неразградливи органски загадувачи - НОЗ од согорување на отпадната пластична и ПЕТ амбалажа“
Резиме: Здружението на граѓани - Асоцијација за рециклирање на пластика на Република Македонија „ПЕТРА“ започна со реализација на проектот финансиски подржан од ГЕФ ПМГ (Глобален еколошки фонд Програма за мали грантови) и МДЦ- ТИ. НЕТ. Региони опфатени со проектот се: Битолски регион, Скопско/шарски регион, Југоисточен регион и Источен Регион.

Генерална цел на проектот:
Намалување на количините на НОЗ кои се испуштаат од спалената  отпадна ПЕТ пластична амбалажа и едукација за промена на јавното мислење во однос на квалитетно управување со отпадната ПЕТ амбалажа во основните училишта.
>>>
------------------------------------

Климатски промени, како можност за одржлив развој
Одржливиот развој е можен преку заедничка акција за климатските промени” - ова беше заклучокот од дебатата што се одржа во Американ Колеџ во петокот на 11 Февруари, 2011 година. Студентите беа изложени на предавања, а подоцна се вклучија во дискусијата за климатските промени која одеше во насока на заклучокот: “Она што ги предизвикува климатските промени се рефлектира врз животната средина и како тој предизвик може да се трансформира во можност за одржлив развој на заедниците. >>>
------------------------------------
Работилница Климатските промени
На 11 февруари 2011 година, МДЦ-Ти.НЕТ организираше работилница под наслов "Климатските промени како можност за одржлив развој" во Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Целната група беа студентите. Иако дел од предавањата се фокусираа на предизвиците кои произлегуваат од климатските промени, особено од емисиите на CO2, повеќето од темите беа опишувани преку можностите кои може да се остварат понатаму, особено за новите "Зелени бизниси". >>>
------------------------------------
Програма за рециклирање во Берово, “Не играјте си со природата и сликата за Берово”
На 9 октомври 2010 година, МДЦ-Ти.Нет во партнерство со Општина Берово, го промовираа рециклирањето на ПЕТ пластичната амбалажа. Работна група беше составена од општински персонал, претставници на Јавното комунално претпријатие "Услуга", локалниот бизнис сектор, НВО "Здравец" и наставниците од основните училишта, каде воспоставувањето на таква програма беше од приоритетно значење имајќи во предвид дека Берово поседува огромен потенцијал за развој на руралниот и планинскиот туризам, каде општинската власт и граѓаните се цврсто посветени кон промовирање и примена на еко - пријателските вредности. >>>

------------------------------------
Наслов на проектот: МДЦ-Ти.Нет и Општина Зајас учествуваа заедно во превенција на семејното насилство
Резиме: Во мај 2010 година, МДЦ-Ти.Нет беше награден со грант од страна на УНФПА програмата за семејно насилство, за спроведување теренски програмата во Општина Зајас. Целта на проектот беше јакнење на капацитетите на Општина Зајас да ги признае случаите на семејно насилство меѓу институциите и жителите за да можеме со соработка и координација се бориме против овој општествен проблем. >>>
------------------------------------
"Силни партнерства за одржливи невладини организации" – Настан за партнерство
Настанот, одржан на 6-ти мај 2010 година, беше организиран од страна на МДЦ-Ти.Нет во партнерство со техничка помош за граѓански организации (ТАКСО). Се собраа претставници од 100 невладини организации од Македонија за размена на искуства за соработка, комуникација и партнерства помеѓу организациите на граѓанското општество, локалната и централната власт и бизнис заедницата. Претставници на единиците на локалната самоуправа, министерствата, бизнис заедницата и медиумите земаа активно учество на овој настан. >>>
Превземи: Извештај и научени лекции
------------------------------------
40 годишнината од Денот на Планетата Земја прославен во Скопје
На 25 април 2010 година, Македонија се приклучи на глобалната прослава на меѓународниот Ден на Планетата Земја. Настанот се одржа под мотото "Собери ПЕТ за подобар свет", настан кој привлече околу 10.000 граѓани во Градскиот парк.

За прв пат беше организиран ваков настан од страна на Асоцијацијата на рециклатори (ПЕТРА) и Проектот Зелени училишта, во поддршка на МДЦ-Ти.Нет. Оваа година ПЕТРА одлучи да ја продолжи традицијата воспоставена од страна на УСАИД, Проектот за рециклирање пластика во партнерство со градот Скопје и Министерството за животна средина. >>>

------------------------------------
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)