eng | mk
Подготовка на Акциони Планови 1

03-04.10.2013, Скопје

На 3-ти и 4-ти Октомври 2013 година во Хотел “ВИП”, Скопје се одржа дводневна работилница на тема “Подготовка на Акциони Планови 1”. Оваа работилница беше одржана во рамките на проектот “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”. Проектот е Финансиран од Делегација на Европската Унија преку програмата Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), во имплементација на МДЦ-Ти.НЕТ –Скопје, со партнерите Авена од Кочани, Планетум од Струмица и Регионалниот Центар за Развој на Мали и Средни Претпријатија од Скопје. На оваа работилница, учество земаа работните групи од Струмица, Кочани и Скопје како и претставници од јавни институции, граѓански организации и компании за управување со отпад. Работилницата беше организирана со цел, изработка на Акциони планови со насоки на детално изработување на истите и вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад. На третата работилница, учесниците од Кочани, Струмица и Скопје ги презентираа приоритетите, претходно дефинирани за секоја општина и град како основа за изработка на Акционите Планови. Изработката на Акционите Планови има за цел создавање на простор и реални можности за вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во Општина Струмица, Општина Кочани и Град Скопје.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)