eng | mk
Име на проект: “Креирање и поставување на интегрален систем во основните училишта за решавање на проблемот со отпадната ПЕТ амбалажа за спречување на испуштањето на неразградливи органски загадувачи - НОЗ од согорување на отпадната пластична и ПЕТ амбалажа“

Резиме: Здружението на граѓани - Асоцијација за рециклирање на пластика на Република Македонија „ПЕТРА“ започна со реализација на проектот финансиски подржан од ГЕФ ПМГ (Глобален еколошки фонд Програма за мали грантови) и МДЦ- ТИ. НЕТ. Региони опфатени со проектот се: Битолски регион, Скопско/шарски регион, Југоисточен регион и Источен Регион.

Генерална цел на проектот:
Намалување на количините на НОЗ кои се испуштаат од спалената  отпадна ПЕТ пластична амбалажа и едукација за промена на јавното мислење во однос на квалитетно управување со отпадната ПЕТ амбалажа во основните училишта.
Предвидени проектни активности се:

  • Анкетирање на учениците, училиштата и домаќинствата кој би бил капацитетот на собирање/носење од дома отпадна пластична ПЕТ амбалажа
  • Формирање на работна група за вклучување и поврзување на сите заинтересирани страни (училишта, невладини организации и откупувачи на отпадна пластична ПЕТ амбалажа) и склучување договори меѓу сите вклучени во проектот
  • Обучување на невладините организации за штетноста од спалување на отпадна ПЕТ амбалажа и работа со училиштата, учениците и родителите
  • Печатење и дистрибуција на информативен леток за учениците и родителите
  • Набавка и дистрибуција на машинки за намалување на волуменот на отпадна пластична амбалажа, џамбо вреќи и контејнери низ вклучените училишта
  • Поставување на машинки, џамбо вреќи и контејнери
  • Собирање, обработка и откуп на собраната отпадна ПЕТ амбалажа
  • Анкетирање на населението за постигнатите резултати од проектот
  • Креирање, печатење и дистрибуција на книшка за претставување на моделот за вклучување на училиштата во акциите за намалување на испуштање НОЗ во животната средина, како можност за негова репликација
Времетраење на проектот од декември 2011 до крајот на март 2013 година.
-----------------------------------
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)