eng | mk
Климатски промени, како можност за одржлив развој

“Одржливиот развој е можен преку заедничка акција за климатските промени” - ова беше заклучокот од дебатата што се одржа во Американ Колеџ во петокот на 11 Февруари, 2011 година. Студентите беа изложени на предавања, а подоцна се вклучија во дискусијата за климатските промени која одеше во насока на заклучокот: “Она што ги предизвикува климатските промени се рефлектира врз животната средина и како тој предизвик може да се трансформира во можност за одржлив развој на заедниците.”

Професор д-р Зоран Шапурич, Жаклина Пауновска – Ангелковиќ, НВО "Еднакви за сите"; Филип Ивановски – Пакомак, Јана Спироска - експерт во науката за животната средина и претставници од УСАИД од Проектот за рециклирање пластика зборуваа за различни аспекти на климатските промени истакнувајќи акции што треба да се направат се со цел да се добијат долгорочни решенија.

Дискусијата беше фокусирана на следниве теми:
• Климатските промени како глобален проблем, негативно влијание на CO2, извори на загадување
• Енергетската ефикасност и алтернативни извори на енергија - Општина Кочани како успешна приказна за тоа што е уникатен пристап кон користење на алтернативни извори на енергија
• Одговорни бизниси - рециклирање и обновување, зелени економии и зелени работни места
• Студентски мрежи - промотори на климатските промени како можност за развој

По предавањата, студентите се вклучија во дискусијата. Најмногу интерес покажаа за економските аспекти од климатските промени: иновативни бизниси, можностите за вработување во зелени индустрии и раст на индустријата за рециклирање.

Огромен интерес предизвика краткото видео на Централна Европска Студентска мрежа, кое се емитуваше од страна на Јана Спироска. Таа достави информации со напорите на мрежата и методите кои се користат за зголемување на јавната свест на учениците, институциите и граѓаните. Особено интересен беше концептот за промоција на производи дизајнирани од материјали кои се рециклираат. Како резултат на тоа, повеќето од учениците изразија интерес за приклучување кон мрежата основана преку овој проекти и пријавија интерес за учество во доброволни активности во текот на годината, особено во дизајнот и спроведувањето на јавните кампањи за подигнување на јавната свест.

На крајот на настанот, до студентите беа дистрибуирани брошури создадени од нивните колеги на Универзитетот.

Презентации:
Климатски промени, Проф. Шапуриќ
Енергетска ефикасност и алтернативни извори на енергија 2011
Студентска иницијатива

-----------------------------------
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)