eng | mk
Работилница Климатските промени

На 11 февруари 2011 година, МДЦ-Ти.НЕТ организираше работилница под наслов "Климатските промени како можност за одржлив развој" во Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Целната група беа студентите. Иако дел од предавањата се фокусираа на предизвиците кои произлегуваат од климатските промени, особено од емисиите на CO2, повеќето од темите беа опишувани преку можностите кои може да се остварат понатаму, особено за новите "Зелени бизниси".

На листата на говорници се најдоа експерти од Американ Колеџ, Универзитетот на Југо - Источна Европа; Пакомак - првиот овластен субјект за управување со отпад од пакување; НВО секторот и експерти во креирање и управување со студентските еколошки мрежи.

Оваа активност се спроведуваше во рамките на проектот "Климатските промени, можност за одржлив развој", финансиран од програмата на мали грантови на Канцеларијата на Светска банка во Македонија. Целна група беа студенти од три универзитети во Македонија: Американ Колеџ, Универзитетот Југо - Источна Европа и ФОН.

Главната цел на овој проект е да се зголеми свеста на студентите за ефектите од климатските промени, особено за можностите во новите зелени индустрии. На крајот на проектот, студентите од трите универзитети создадоа Зелена мрежа фокусирана на промовирање на климатските промени како можност за социо - економскиот развој.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)