eng | mk
Програма за рециклирање во Берово, “Не играјте си со природата и сликата за Берово”

На 9 октомври 2010 година, МДЦ-Ти.Нет во партнерство со Општина Берово, го промовираа рециклирањето на ПЕТ пластичната амбалажа.  Работна група беше составена од општински персонал, претставници на Јавното комунално претпријатие "Услуга", локалниот бизнис сектор, НВО "Здравец" и наставниците од основните училишта, каде воспоставувањето на таква програма беше од приоритетно значење имајќи во предвид дека Берово поседува огромен потенцијал за развој на руралниот и планинскиот туризам, каде општинската власт и граѓаните се цврсто посветени кон промовирање и примена на еко - пријателските вредности.
На првичниот состанок организиран во Берово на градскиот плоштад, се собраа општински водачи, граѓани и туристи. Во својот говор, градоначалникот на Берово, г-дин Драги Нагински ја изрази посветеноста на општината да продолжи да инвестира во заштита на животната средина и рециклирање.

Студентите од локалните "Зелени клубови" организираа огромна парада низ градските главни улици. Голем ентузијазам и креативност, беа наоколу. Преку целиот тек на проектот, студентите создадоа форуми, цртежи, песни и маски за славење на природата. "Биди фер со природата - Рециклирај", "Нели треба да земеме одговорност – на една ПЕТ амбалажа и треба 1000 години за да се распадне" - беа некои од клучните пораки поставени на форумите. Гостин на настанот беше младата поп - ѕвезда Влатко Лозаноски.

Преку овој проект, 30 контејнери за селекција на пластичен отпад беа купени, како и една машинка за намалување на обемот на собраните пластични ПЕТ амбалажи и 700 пластични кеси за селекција на пластичен ПЕТ отпад во домаќинствата.
-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)