eng | mk
"Силни партнерства за одржливи невладини организации" – Настан за партнерство
 

Настанот, одржан на 6-ти мај 2010 година, беше организиран од страна на МДЦ-Ти.Нет во партнерство со техничка помош за граѓански организации (ТАКСО). Се собраа претставници од 100 невладини организации од Македонија за размена на искуства за соработка, комуникација и партнерства помеѓу организациите на граѓанското општество, локалната и централната власт и бизнис заедницата. Претставници на единиците на локалната самоуправа, министерствата, бизнис заедницата и медиумите земаа активно учество на овој настан.

ПРевземи: Извештај и научени лекции

Главната цел на настанот беше идентификување на празнините и предизвиците во комуникацијата помеѓу овие сектори и да доведе до зајакнување на дијалогот меѓу претставниците на трите столба во општеството: локална / централната власт, бизнис секторот и граѓанското општество.

Учесниците беа запознаени со две теми: партнерства помеѓу НВО и локалните / централните власти и можностите за собирање донации: домашните донатори и корпоративната одговорност. Говори одржаа: Зоран Милов, Одделението за соработка со невладини организации во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија; Сашо Клековски, Извршен директор, Македонскиот центар за меѓународна соработка; Норик Селими, координатор на локален економски развој на Општина Чаир; Мартин Кочмановски, бизнис менаџер за развој, претставник од Тинекс маркетите.

-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)