eng | mk

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

26 јуни 2014

На 26 јуни 2014 година(четврток), во 11 часот, Амбасадорот на Република Словачка Г-дин Мартин Безак на невладината организација МДЦ-Ти.Нет им додели минигрант во висина од 5000 евра за “Организирање на обуки за здавје и заштита при работа на неформалните собирачи на отпад во шест општини во Република Македонија”. На настанот присуствуваа г-н. Неждет Мустафа- Министерот одговорен за прашањата за Ромите во Владата на Република Македонија, Почесниот конзул на Република Словачка во Република Македонија, Градоначалниците на оптшините Кочани и Василево, Претседателот на советот на општина Куманово, претставници на државните интуиции и невладини организации, како и претставници на партнерските организации- Здружението на неформални собирачи на отпад и Здружението Петра- Ассоцијација за рециклурање на пластика.

За проектот: Постојат околу 5000 неформални собирачи на отпад во земјата и речиси сите од нив Роми кои живеат на маргините на општеството. Со овој проект сакаме да ги информираме и обучиме неформалните собирачи на отпад како да го заштитат нивното здравје и здравјето на нивната фамилија имајќи предвид дека тие секојдневно се изложени на ризик во нивната работа. Обуките ќе бидат организирани во шест општини во Република Македонија (Василево, Куманово, Тетово, Кочани, Струмица и Скопје) опфаќајќи 100 неформални собирачи на отпад на коишто ќе им биде доделена и основна заштитна опрема (ракавици, заштитни маски, гумени чизми и маици).

 

Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)