eng | mk

Нови партнерства за социо-економска инклузија на неформалните собирачи на отпад

27 Мај 2014

Во периодот од 27.05.2014 до 28.05.2014 година во Струмица во Хотел Илинден во рамките на проектот ”Нови партнерства за социо-економска инклузија на неформалните собирачи на отпад” спроведуван од МДЦ—Ти Нет се одржа дводневна рабаотилница на тема “Препораки за креирање на полотики за вклучување на неформалните собирачи на локално ниво”. Проектот е финансиран од ЕУ во рамките на Националната програма за привремена поддршка и градење на институционални капацитети, IPA 2009 Учесници беа претставници на работните групи формирани во трите општини вклучени во проеткот: Општина Тетово, Општина Куманово и Општина Василево. Работните групи се составени од преставници на неформалните собирачи, јавните комунални претпријатија, индустријата за рециклирање, Агенциите за вработување, Ромски и други релевантни невладини организации и Центрите за социјална работа. Работните групи на локално ниво се формирани со цел воспоставување на партнерства помеѓу јавните власти, цивилното општество и приватниот сектор, како основен дел од одржливоста на предвидените активности.

19

Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)