eng | mk
Завршна конференција во рамки на проектот “Вклучување на Ромите неформални собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”

07.02.2013, Скопје

На 7-ми февруари 2014 година во ЕУ Инфо Центарот се одржа Завршна конференција во рамки на проектот за “Вклучување на Ромите неформални собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”, финансиран од Европска Унија преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права (ЕИДХР), во имплементација на МДЦ-Ти.НЕТ – Скопје, со партнерите Авена од Кочани, Планетум од Струмица и Регионалниот Центар за Развој на Мали и Средни Претпријатија од Скопје. Свои видувања за состојбата дадоа Г-н Роберт Лидл, Шеф на секторот за политика, правда и внатрешни прашања од Делегацијата на ЕУ, Г-н Ракип Дочи, Директор на ЈП “ Комунална Хигиена“, Скопје, Г-ѓа Билјана Митева, Директорка на Еко-Пак Хит, Кочани, Г-н Бранко Георгиев, Раководител на единица Чистота при ЈКПД – Комуналец, Струмица и Г-н Филип Ивановски, Директор на ПАКОМАК. Овој настан беше организиран со цел да се презентираат резултатите од спроведувањето на проектот, како и да се извлечат препораки за преземање на понатамошни активности за неформалните собирачи на отпад во однос на подобрување на нивните социјални/здравствени/пензиски придобивки и нивната економска стабилност и безбедност. Настанот беше затворен со презентација на документарниот филм „Пластични соништа – животот на неформалните собирачи на отпад“.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)