eng | mk
Подготовка на Акциони Планови 2

21-22.11.2013, Скопје

Дводневна работилница на тема “Подготовка на Акциони Планови 2” на 21-ви и 22-ри Ноември 2013 година се одржа во Хотел “Сириус”, Струмица. Оваа работилница беше одржана во рамките на проектот “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”. Проектот е Финансиран од Европската Унија преку Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права (ЕИДХР), во имплементација на МДЦ-Ти.НЕТ – Скопје, со партнерите Авена од Кочани, Планетум од Струмица и Регионалниот Центар за Развој на Мали и Средни Претпријатија од Скопје. На оваа работилница, учество земаа работните групи од Струмица, Кочани и Скопје како и претставници од Јавни Институции, Невладини Организации и Компании за Управување со Отпад. Оваа работилница беше организирана како продолжение на третата работилница со насоки за финализирање и дефинирање на претходно сработените Акциони Планови. Работните групи од Кочани, Струмица и Скопје ги презентираа претходно сработените идеи за Акциони Планови и подоцна истите ги финализираа преку работа во групи. Овие Планови беа направени со цел имплементација на истите во секоја општина посебно, односно во Струмица и Кочани како и во Град Скопје, се со една цел – вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)