eng | mk
Презентација на Прелиминарни Резултати на Ситуациона Ананализа1

30.05.2013, Скопје

На 30-ти Мај 2013 година во ЕУ Инфо Центарот се одржа “Прзентација на Премилинарни Резултати на Ситуациона Анализа” во рамките на проектот за “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад во земјата”, финансиран од Европска Унија преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права (ЕИДХР), во имплементација на МДЦ-Ти.НЕТ – Скопје, со партнерите Авена од Кочани, Планетум од Струмица и Регионалниот Центар за Развој на Мали и Средни Претпријатија од Скопје. Господинот Аиво Орав – претседател на ЕУ Делегацијата и Господинот Ибрахим Ибрахими – одржаа говор. Овој настан беше организиран за да се презентираат прелиминарните резулатати од ситуационата анализа, проследени со говор на Г-н. Ракип Дочи – Директор на Комунална Хигиена Скопје, Г-н. Добре Босилковски – Асистент на директорот за финансии, Г-н. Филип Ивановски – Директор на Пакомак и Г-н. Асан Реџеп – неформален собирач на отпад. Настанот беше затворен со изложба на фотографии од вистинскиот живот со кој секојдневно се соочуваат неформалните собирачи на отпад во земјата.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)