eng | mk
Работилница: “Препораки за креирање на политики за вклучување на неформалните собирачи на отпад на локално ниво”

17-19.07.2013 година, Струга

Од 17ти до 19ти Јули 2013 година беше одржана работилница во Струга, на тема “Препораки закреирaње на политики за вклучување на неформалните собирачи на отпад на локално ниво”,како дел од проектот“Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад”, финансиран од Европската Унија, од Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права, а во имплементација од страна на МДЦ-Ти.Нет, Скопје, со партнер организациите Авена-Кочани,Планетум-Струмица и Фондација за развој на мали и средни претпријатија-Скопје. Учесници од Работните Групи од Општина Струмица, Општина Кочани и Град Скопје, беа дел од оваа работилница со претставници од Јавни Институции, Невладини Организации, Компании за Управување со отпад како и Јавните Комунални Претпријатија. Целта на оваа работилница беше развивање на политики за вклучување на неформалните собирачи во формалниот систем како и изработка на SWOT анализа за општините Кочани и Струмица и Град Скопје. На оваа работилница учествуваа и претставници на неформалните собирачи, од Струмица, Кочани и Скопје. Неформалните собирачи допринесоа преку изнесување на реалните проблеми со кои се соочуваат, сo што се олесна процесот за дефинирање на приоритетите како дел од политиките и SWOT анализата. За време на работилницата, Работните Групи од Струмица, Кочани и Скопје донесоа заеднички заклучок за потребата од создавање на прецизна и дефинирана база на податоци со имиња и дополнителни информации за неформалните собирачи како и потреба од развивање на идејата за создавање на здружение, претпријатие или некаква друга форма на правно лице.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)