eng | mk
Работилница: Подготовка на Ситуациона Анализа - Струмица

14.04.2013 година, Струмица

На 14.04.2013година во Хотел Илинден - Струмица, се одржа првата работилница за “Подготовка на Ситуациона Анализа”.Работилницата имаше за цел запознавање на членовите на работната група, дефинирање на активности поврзани со истражување и посета на терен, со прибирање и анализа на информации за создавање база на податоци за неформалните собирачи. Работилницата ја фацилитираше Ан Шајнберг, експерт во областа со рециклирaње на пластика и работа со неформалните собирачи од целиот свет, која ја претстави ситуацијата и законската рамка во Европските земји и даде примери за управување со отпад. На оваа работилница учествуваа претставници од работната група во Струмица, составена од Невладината организација Планетум-Струмица, Неформални собирачи, Компании за управување со отпад, како и Јавното Комунално Претпријатие од Струмица. За време на работилницата, учесниците ги дефинираа следните проблеми: ЈКП Струмица нема доволно капацитети за вработување на сите неформални собирачи од Општината, додека пак неформалните собирачи се изјаснија за потребата од заштитна опрема при работа, по што Работната Група дојде до заклучок дека треба соработка помеѓу јавните и приватни компании со цел да произлезат активности/решенија кои ќе ја подобрат ситуацијата на неформалните собирачи односно ќе придонезат за нивно формализирање и вклучување во системот со управување на отпад. Оваа работилница се одржа во рамки на проектот за “Вклучување на неформалните собирачи наотпад во формалниот системза управување со отпад во земјата”, финсиран од Европската Унија, преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права, во импелментација на МДЦ-ТИ.НЕТ, Скопје, со партнер организациите Планетум-Струмица, Авена-Кочани и Фондација за развој на мали исредни претпријатија-Скопје.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)