eng | mk
Работилница: Подготовка на Ситуациона Анализа - Кочани

12.04.2013 година, Кочани

На 12.04.2013 година во хотел “Национал” - Кочани, се одржа првата работилница на тема: “Подготовка на Ситуациона Анализа”. На оваа работилница учествуваа Работната Група од Кочани која е составена од претставници од: Невладината Организација Авена-Кочани, претставници од неформалните собирачи, Агенцијата за Вработување, Регионална канцеларија на Министерството за труд и социјална политика, Јавно комунално претпријатие и претставници од организации за управување со отпад во Кочани. Работилницата ја фацилитираше Ан Шајнберг, експерт во областа со рециклирaње на пластика и работа со неформалните собирачи од целиот свет, која ја претстави ситуацијата и законската рамка во Европските земји и примерите за управување со отпад. Целта на оваа работилница беше: запознавање со членовите на работната група и дефинирање на активностите за изработка на ситуациона анализа. Во рамките на примарните активности се наведе потребата од истражување, работа на терен и прибирање на податоци за неформалните собирачи со цел- формирање на база на податоци како појдовна точка во процесот за нивно вклучување во формалниот систем. Она што беше донесено како заклучок е дека Јавните Институции во Кочани треба да изнајдат начин за вклучување на неформланите собирачи на отпад во формалниот систем, заедно со организациите за управување со отпад на локално ниво. Притоа овој систем да биде одржлив, реален и на вистински начин да помогне на неформалните собирачи. Оваа работилница се одржа како дел од проектот за “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад”, финансиран од Европската Унија преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права, во имплементација на МДЦ-ТИ.НЕТ–Скопје со партнер организациите Авена–Кочани, Планетум-Струмица и Фондација за развој на мали и средни претпријатија-Скопје.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)