eng | mk
Работилница: “Подготовка на Ситуациона Анализа”-Скопје

11.04.2013 година, Скопје

На 11.04.2013 година во Хотел “Белви”-Скопје, се одржа првата работилница на тема “Подготовка на Ситуациона Анализа”. Оваа работилница се одржа како дел од проектот за “Вклучување на неформалните собирачи на отпад во формалниот систем за управување со отпад”. Учесници на оваа работилница беа претставници од: Невладини организации од Скопје, претстваници од неформалните собирачи, Агенцијата за Вработување, Град Скопје, ПАКОМАК, Јавното Комунално Претпријатие, Министерството за труд и Социјална Политика и други. Ан Шајнберг – експертка во областа на рециклирацки отпад од Холандија, пренесе дел од своето искуство во областа за рециклирање на пластика и работа со неформалните собирачи ширум целиот свет. Целта на оваа работилница беше запознавање на членовите во работната група од Скопје, презентирање на потребата од подготовка на ситуациона анализа, согледување на реалните можности за инвестиции и помош на неформалните собирачи на отпад . Исто така, мапирање на неформалните собирачи на отпад и нивна целосна вклученост преку соработка со останатите членови на работната група во процесот на подготовка на ситуационата анализа. За време на работилницата, членовите на работната група едногласно потврдија дека постои вистинска потреба за подобрување на условите за работа на неформалните собирачи на отпад заедно со силната волја на секоја институција за понатамошна соработка и развој на Акциони планови. Проектот е финасиран од Европската Унија, преку Европскиот Инструмент за Демократија и Човекови Права. Истиот е имплементиран од МДЦ-ТИ.НЕТ-Скопје, заедно со партнерите Планетум-Струмица, Авена-Кочани и Фондацијата за развој на средни и мали претпријатија-Скопје.

 


-----------------------------------
 
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)