eng | mk
Projects

>Наслов на проектот: МДЦ-Ти.Нет и Општина Зајас учествуваа заедно во превенција на семејното насилство

Резиме: Во мај 2010 година, МДЦ-Ти.Нет беше награден со грант од страна на УНФПА програмата за семејно насилство, за спроведување теренски програмата во Општина Зајас. Целта на проектот беше јакнење на капацитетите на Општина Зајас да ги признае случаите на семејно насилство меѓу институциите и жителите за  да можеме со соработка и координација се бориме против овој општествен проблем.

Оценките пред аплицирањето за грантот покажаа дека постои свест, знаење и вештини за да се признае и да се постапува по семејното насилство во Општина Зајас. Недостатокот на координација и соработка помеѓу релевантните чинители во заедницата постои во општината кога станува збор за постапување по идентификувани случаи на семејно насилство. Жртви на оваа ситуација во повеќето случаи се децата. Земајќи ги овие факти во предвид, посебен акцент беше даден на зголемување на свеста на наставниците и вклучувањето на училиштата во активностите на локалното Координативно тело.

За одговарање на откриените предизвици, МДЦ-Ти.Нет во соработка со Општина Зајас ги спроведе активностите: 1) Воспоставување на локално Координативно тело за развој на општинскиот акционен план за превенција од семејно насилство 2) организирање јавни форуми, каде што на прашање на Дневен Ред ќе се дискутира 3). Организирање редовни неформални средби меѓу женски лидери во заедницата (лекари, учители, религиозни личности) и целата женска популација 4) Обука за препознавање на семејното насилство и како да се постапува по идентификувани случаи на семејно насилство, таргетирање наставници од основните училишта, 5) Олеснување на врските и поттикнување на вмрежување помеѓу Локалното Координативно тело на Зајас и активните структури во соседните општини (Кичево, Осломеј, Дебар и Центар Жупа)

             Како резултат, беа создадени Прирачници за откривање и спречување на семејното насилство и истите беа дистрибуирани до основните училишта во општината. Се очекува дека локалното Координативно тело за превенција од семејно насилство ќе воспостави систем за подобрување на координацијата помеѓу институциите на општинско ниво и ќе продолжи да го следи системот и понатаму.
Услуги
--------------------
Локален економски развој
Заштита на животнат средина
Вклучување на маргинализираните групи
Формирање на јавно-приватно партнерство со неформалните собирачи
 
 
 
Закон за пакување и отпад од пакување:
--------------------
Македонска верзија(download)
Англиска верзија (download)